Индиски инструктор по јога ќе биде вклучен за работата со фудбалерите на Белгија за време на Мундијалот во Катар. 48-годишниот инструктор по јога Винеј Менон ќе ги придружува Белгијците во Катар.
Менон веќе има работено во фудбалот. Беше во Челси во ерата на Абрамович, и веќе има работено со Еден Азар, Тибо Куртоа, Ромело Лукаку, Миши Батшуаји. Индиецот држел тогаш часови по јога и релаксација.
„Фудбалот на највисоко ниво има голем притисок. Винеј помага да се тргне притисокот и да се опуштиме“, рече Азар.
Белгија е во група со Мароко, Хрватска и Канада.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА