Белгијците со „шестка“ за Лихтенштајн, сензационална победа на Словачка над Германија (ВИДЕО)

Белгија триумфираше сосема очекувано убедливо со 0-6 на гостувањето против Лихтенштајн во квалификациската група во која е и Македонија за пласман на Светското првенство 2026.

Белгијците на тој начин стигнаа и до втората победа во квалификациите.

Де Кујпер во првото полувреме стрелаше за 0-1, а потоа останатите пет погодоци беа во вториот дел, два на Тилеманс, а по еднаш погодија и Фофана, Тите и Де Брујне.

Фудбалерите на Словачка направија големо изненадување во квалификациите за Светското првенство 2026, победувајќи ја Германија со 2-0.

Иако е само почеток на квалификациската група А, која има само четири селекции, јасно е дека многу работи не се како што треба во редовите на „панцерите“. Словаците буквално го надиграа тимот на Јулијан Нагелсман и ја истакнаа својата кандидатура за прво место во групата за место на СП 2026.

На стадионот „Техелне Поле“ во Братислава, домашните поведоа во 42. минута со голот на Ханко. Тој шок за Германците беше продолжен и по 10 минути игра во продолжението. Давид Стрелец на прекрасен начин со левата нога погоди за голема победа на домашниот тим. Фактот што Нагелсман ги немаше на располагање Хаверц, Мусиала, Тер Штеген…. секако не е оправдување.

Во рамките на истата група, Северна Ирска го победи Луксембург на гостински терен со 1-3.

Се вчитува...