Белгиските фудбалери предводени од Ромелу Лукаку најавуваа дека планираат да ја исфрлат топката во десеттата минута од мечот, за да сите присутни во стадионо со аплауз му искажат поддршка на Кристијан Ериксен.
Арно ама, Белгија прими гол во втората минута, а шокираните „црвени ѓаволи“ заборавија на даденото ветување. Во десеттата минута тие имаа долга акција, но не ја исфрлија топката, и покрај се погласните свирежи од трибините кои бараа такво нешто.
На крајот, на самиот почеток од единаесеттата минута грешката на Белгијците ја поправи судијата Бјорн Кујперс, кој самиот го прекина мечот за да му биде искажана почит на фудбалскиот ас кој имаше срцев удар на дуелот меѓу Финска и Данска во првото коло од оваа група.
„Цела Данска е со тебе“, гласеше порака на најголемиот транспарент на стадионот „Паркен“ во Копенхаген.
What a tribute from Belgium and Denmark to Christian Eriksen. ❤️👏🏻 pic.twitter.com/uLeAOm9sRa
— Stan (@FutbolStan_) June 17, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА