Белгискиот фудбалер Дрис Мертенс најави крај на богатата сезона преку социјалните мрежи објавувајќи видео. Последниот натпревар 38-годишникот ќе го одигра на свеченото пензионирање на Марек Хамшик најавено за 5. јули во Братислава.
Мертенс кариерата ја започна во Гент, а настапуваше и за Агов, Ултрехт, ПСВ, Наполи и последните три сезони ги помина во Галатасарај.
Најголема трага остави во Наполи каде помина девет сезони. Тој е рекордер на славниот италијански клуб по бројот на постигнати голови со 148 на 397 натпревари.
За репрезентацијата на Белгија забележа 109 настапи и постигна 21 гол освојувајќи го и бронзениот медал на Светското првенство во Русија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

