Белгискиот второлигаш Деинзе, официјално прогласи банкрот. Амбициозниот тим кој дури најавуваше и битка за палсман во „елитата“, сепак, не можеше да ги надмине проблемите и никогаш не успеа да се ослободи од долговите. Затоа судот во Гент ја изрече пресудата за банкрот.
Имаше нов инвеститор, и кога сите мислеа дека тоа е спасот, тој по кратко си замина, па така ветувањата остана празни, и сите играчи го напуштија тимот.
Меѓу нив и македонскиот повремен репрезентативец Ердон Даци кој сега е без ангажман и бара нов клуб. Тој беше дел од Деинзе, откако дојде во овој клуб на почетокот на сезоната. Тој настапуваше во Вестерло и Беверен, а во минатото беше дел од Коњаспор и од Вардар. Беше дел и од македонскиот национален тим во баражите за пласман на Мундијалот во Катар, а потоа играше и на пријателскиот меч со Ерменија во Струмица, кога на своето деби постигна и гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА