Белгиското „чудо од дете“ се сели во Атлетико Мадрид

Беглискиот интернационалец Артур Вермерен, ќе стане нов член на Ателтико Мадрид, откако шпанскиот тим се договори со Антверпен околу сите детали за трансферот.

18-годишниот Вермерен го сврте вниманието кон себе со одличните настапи во Антверпен во Лигата на шампионите, а во меѓувреме имаше интерес и од Барселона и Манчестер Јунајтед за неговиот потпис.

Целиот трансфер ќе чини околу 25 милиони евра, а целокупната реализција ќе биде до крајот на неделава, по што Симеоне ќе добие квалитетно засилување во средниот ред. Вермерен во меѓувреме стана и дел од сениорската репрезентација на Белгија, за која одигра два натпревари.

Се вчитува...