Белград беше на нозе: Фешта за олимписките херои (видео)

Српските олимписки медалисти вечерва беа пречекани од околу 50.000 фанови како дел од шампионскиот дочек пред зградата на Собранието на град Белград, при што беше приредено вистинско шоу во кое уживаа навивачите, но и самите спортисти.

Новак Ѓоковиќ се појави пред собраниот народ со порака: Не сте свесни колкава сила ми давате, не постои ништо поубаво од ова… а по него следеа и ватерполистите, медалистите од стрелаштво и таеквондо, за на „терасата“ да се појават и бронзените кошаркари.

Атмосферата зовре по излегувањето на кошаркарската репрезентација, по што навивачите и сите присутни на „шампионската тераса“ почнаа со песната „Kari is on fire“ во чест на селекторот Светислав Кари Пешиќ, по што можеа и да уживаат во танчерските способности на стариот кошаркарски лисец.

Се вчитува...