Црвена Звезда е освојувачот на овогодишното издание на фудбалскиот Куп на Србија откако во финалето „црвено-белите” беа подобри од Партизан со 2-1, со што белградскиот гигант повторно ја спои „двојната круна“.
Натпреварот го отвори Катаи со гол во 26. минута, а откако Урошевиќ го изедначи резултатот на 1-1 во 62. минута, титулата на Маракана ја донесе Катаи со нов гол во 73. минута.
За Црвена Звезда тоа е петтата Куп титула во историјата, додека Партизан и покрај поразот останува на врвот на табелата со седум освоени титули.
🏆🏆
🔴⚪️#fkcz pic.twitter.com/fjbCUv420M
— FK Crvena zvezda (@crvenazvezdafk) May 26, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА