Белград, глетка од која запира здивот (ФОТО)

Српскиот првак Црвена Звезда го заврши настапот во Лигата на шампионите, но полна е душата на фановите на „црвено-белите“. За крај, во Белград пристигна ѕвездениот тим на Пари Сен Жермен, кој славеше со 1-4, но фештата на стадионот „Рајко Митиќ“ не изостана.

Фантастична кореографија имаше пред почетокот на мечот, а глетката од покривот на стадионот остава без здив.

Се вчитува...