Атина ќе биде градот домаќин на завршниот фајналфор турнир од Евролигата за 2026 година, објави денеска највисокото раководство на елитното европско кошаркарско натпреварување.
До последно во трка за организацијата на овој престижен Ф4 беа Атина и Белград, он на крајот изборот падна врз грчката метропола, која по вторпат ќе биде домаќин на завршницата на Евролигата (првиот пат беше во 2007 година).
„Со гордост можеме да објавиме дека фајналфор турнирот во Евролигата во 2026 година ќе се одржи во Атина, Грција, со што го враќаме овој престижен анстан во една од најкошаркарските дестинации. Фајанлфорот ќе се одржи во салата „Телеком Центар“ со капацитет од 18.000 седишта. Полуфиналните средби ќе се одиграат на 22 мај, а големото финале е закажано за 24 мај 2026 година“, се вели во соопштението на Евролигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

