Белградски Партизан дојде до шестиот триумф во Евролигата, откако го совлада тимот на Монако на домашен терен, нанесувајќи му го петтиот пораз на овој тим.
Српскиот клуб успеа да дојде до победа дури по продолженијата, откако ја испушти во финишот на регуларниот дел. Имаше предност од три поени, и кога требаше само да направи прекршок, Монако во последната секунда постигна тројка и успеа да дојде до продолжениија.
Таму Партизан успеа да слави со 15-13, за конечна победа од 89-85. Најефикасен беше Пантер со 25 поени.
Продолженија се играше и во Минхен, каде Баерн го совлада Милано добивајќи го продолжението со 15-8, откако регуларниот дел зарши 76-76. Едвардс со 32 поени беше најефикасен на средбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА