Директорот на белградска арена, Горан Грбовиќ, проговори за тоа кој на крајот ќе биде одговорен за организацијата на овогодинешниот Ф4 турнир во Евролигата.
Веќе неколку дена се шпекулира кој ќе биде одговорен за организацијата на следниот фајналфор во Евролигата. Првата информација беше дека тоа ќе е Белград, но сите европски медиуми објавија дека тој ќе се одржи во Абу Даби.
„Би морал да почнам хронолошки. На мејлот на Арена стигна порака од Евролигата во врска со организацијата на фајналфорот за 2025, 2026 и 2027 година. Во контакт со државата, бидејќи зад ова стои Република Србија, а не Градот Белград, туку Република Србија, во рок од еден ден добија одговор дека Србија е заинтересирана за трите фајналфор“, вели Грбовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА