Белинели доби нова функција во Виртус Болоња

Легендариот италијански кошаркар Марко Белинели стави крај на една долга и богата ера завршувајќи ја кариерата со крајот на сезоната 2024/25.

Белинели сепак останува во кошарката и тоа во неговиот последен клуб Виртус Болоња каде во иднина ќе ја врши улогата на Амбасадор и советник за кошарка, потврди италијанскиот евролигаш.

Белинели ја започна и ја заврши кариерата во Виртус, а покрај за италијанскиот „црно-бел“ дрес настапуваше и со успех во НБА лигата освојувајќи ја титулата со Сан Антонио во 2014 година.

Се вчитува...