Италијанскиот кошаркар Марко Белинели се прости стави крај на репрезентативната кариера. Како што пренесуваат италијанските медиуми, тој веќе нема да биде дел од националниот тим, а одлуката официјално му ја соопштил на новиот селектор Џанмарко Поцеко.
Тоа е втор отказ во репрезентацијата на Италија во два дена откако во средата неговиот соиграч од Виртус Болоња, Даниел Хекет исто така и рече збогум на репрезентацијата на Италија.
Марко Белинели има 36 години и во моментов е дел од Виртус Болоња која ја игра финалната серија од италијанскиот шампионат против Олимпија Милано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА