Англискиот офанзивец Џуд Белингам дебитираше за Реал Мадрид во победата од 3-2 на пријателскиот натпревар против Милан во Калифорнија.
По мечот го коментираше своето деби изнесувајќи ги првите впечатоци од настапот во „кралскиот дрес“.
„Ми беше задоволство. Мислам дека беа подобри во првото полувреме, но ние чувствувавме дека ќе победиме“ – истакна Белингам и дополни:
„Трема? Немам да бидам искрен. Се чувствував навистина мирно, се чувствува многу пријатно кога топката беше во мој посед. Среќен сум што играм за Реал Мадрид“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

