Сосема очекувано, Џуд Белингем е добитник на наградата „Златно момче“, за најдобар играч до 21 година во Европа.
Доделувањето на наградата се одржа во Торино, а Белингем е играчот кој ја доби титулата најдобар со повеќе гласови од кој било негов претходник во двете децении колку што се доделува наградата. Наградата ја востанови италијанскиот Тутоспорт, а за победникот одлучуваат 50 новинари.
„Горд сум што ја освоив наградата. Мојата тајна е одговорноста што ја имам од мал во академијата. Го сакам тоа. Реал Мадрид е најдобриот тим во светот. Среќен сум што можам да играм овде“, изјави Белингам по добивањето на признанието.
Наградата „Златно момче“ доаѓа по трофејот Копа за најдобар млад играч во светот, кој Белингем го освои на „Златната топка“.
Тој е третиот Англичанец кој ја добива оваа награда – по Вејн Руни (2004) и Рахим Стерлинг (2014).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

