Играчот од средниот ред на англиската репрезентација Џуд Белингем, го одбил Манчестер Сити за да дојде во Реал Мадрид. Ова го откри членот на управниот одбор на Реал Мадрид, Хозе Мануел Отеро.
Екс фудбалерот од Бирмингем пристигна во Борусија Дортмунд, а ова лето замина во Реал Мадрид, и имаше одличен почеток на сезоната во „кралскиот“ клуб.
„Луѓето од Манчестер Сити ни кажаа дека разговарле со Белингем. Тие рекоа дека неговиот татко дава надеж, но дека Џуд изразил желба да игра за Реал Мадрид. Кога пред некои играчи се отвора можност да играат за Реал Мадрид, забораваат на се друго. Тука е најдобриот начин да се биде славен“, рече Отеро.
Белингем на отворањето на сезоната на 8 меча во Ла Лига постигна осум гола и две асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

