Белингем: Чуден натпревар, но ја заслуживме победата

Спектакуларен натпревар со многу шанси, многу одбрани на голот, борба и трчање одиграа Манчестер Сити и Реал Мадрид. Како што и се очекуваше, беше неизвесно до самиот крај, а „кралевите“ на крајот дојдоа до голема победа од 2-3, откако губеа на двапати.

По мечот фудбалерот на „гостите“, Џуд Белингем изјави дека ова бил чуден натпревар, но дека тој и неговите соиграчи и тоа како ја заслужиле победата…

„Чуден натпревар. Го игравме можеби најдобриот фудбал оваа сезона, а сепак заостанувавме резултатски. Игравме добро, создадовме шанси. На крајот бевме целосно уверени дека ќе дојдеме до поволен резултат. Заслужено стигнавме до победа, но сепак се уште не е ништо завршено“, изјави Белингем.

Се вчитува...