Англиската фудбалска репрезентација се пласираше во четвртфиналето на Европското првенство во Германија со триумф над Словачка од 2-1 обезбеден по крајот на регуларните 90 минути. Во 94. минута Белингем ги спаси Англичаните од елиминација, а подоцна во продолжението Кејн стрелаше за конечниот резултат.
По натпреварот за медиумите говореше и херојот Џуд Белингем кој вели дека чувството е фантастично, но не би сакал повторно да го доживее.
„Кога сте на 30 секунди од заминување дома и чувстувате како да сте ја предале цела нација, а потоа со еден удар се се промени. Тоа е чувство кое не го сакам, но кога до него ќе дојде, тоа е фантастично чувство. Играњето за Англија носи голем притисок. Да бидете на терен и да постигнувате голови се многу среќни моменти, а освен голот на Словачка мислам дека бевме многу добри.
Требаше само да бидеме поефективни. На крајот најважно е дека покажавме карактер, а во овие елиминациски натпревари кога ќе направите вакво нешто луѓето ќе кажат „Тоа е вистинскиот дух, имаме тим“. Но, овие моменти и не доаѓаат доколку нема мака“, изјави фудбалерот на Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА