Белингем до јануари ќе потпише за Ливерпул?!

Англискиот суперталент Џуд Белингем веќе донел одлука за својот следен чекор во кариерата – преселба во редовите на Ливерпул. Бисерот на Борусија Дортмунд се подготвува за летен трансфер, а Ливерпул е подготвен што поскоро да ги договори сите детали, за да обезбеди потпис и да ја победи сериозната конкуренција што ја сочинуваат Реал Мадрид, ПСЖ, Челси и Манчестер Јунајтед. Јирген Клоп инсистира на потпис најдоцна до јануари, со тоа што Англичанецот би останал во Дортмунд до крајот на сезоната, по што во јули 2023 година и официјално би се преселил на „Енфилд роуд“.

Ливерпул пред неколку години на сличен начин го обезбеди потписот на Наби Кеита при трансферот од Лајпциг, рецепт што Клоп и клупските директори се подготвени да го повторат и за ангажманот на Белингем.

Асот на Борусија прикажува одлични игри за националниот тим на СП во Катар, што дополнително ја крева неговата цена на пазарот. „Милионерите“ од Дортмунд претходно бараа сума од 100 милиони евра, сега таа се искачи на минимум 120 милиони евра, но Ливерпул е подготвен да го плати тоа за да го доведе овој суперталентиран играч како нова „ѕвезда“ во тимот на Клоп.

Британските медиуми ја истакнуваат самата желба на фудбалерот како клучна за овој трансфер, откако ПСЖ и Реал му понудиле далеку подобри лични услови, но Белингем го избрал Ливерпул за свој следен клуб, по што преговорите се интензивирале и веќе се наоѓаат во завршна фаза.

Се вчитува...