Белингем донесе нова победа за Реал Мадрид (ВИДЕО)

Реал Мадрид стигна и до вториот триумф сезонава во домашниот шампионат, откако вечерва со пресврт славеше на гостувањето кај Алмерија со 1-3.

Домаќините стигнаа до изненадувачко водство од 1-0 уште во 3. минута со погодокот на Арибас. Сепак, на сцена потоа стапи Џуд Белингем кој прво во 19. минута израмни на 1-1, додека во 60. минута донесе и водство од 1-2 за својот тим. Конечните 1-3 беа дело на Винициус јуниор во 73. минута.

Almeria 1 – [2] Real Madrid – Jude Bellingham 60‎’‎
by u/MarcoRuss in soccer

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...