Џуд Белингем по извонредните игри од стартот на авантурата во Реал Мадрид стана дел од светскиот џет-сет, а последните информации поврзани со англискиот ас велат дека тој во текот на летото имал врска со американската џет сетерка, Ким Кардашијан.
Весникот „Марка“ кој обично е добро упатен за случувањата околу фудбалерите на Реал неодамна објави дека „нешто се случува“ меѓу Белингем и Кардашијан, иако Американката е 23 години постара од играчот на „кралскиот клуб“.
Американскиот магазин „Life & Style“ откри и повеќе детали на оваа тема.
„Нема сомнеж дека американската ѕвезда и англикиот фудбалер се познаваат. Белингем пред ЕВРО 2024 беше дел од рекламната кампања за брендот на долгата облека „ Kardashian SKIMS“. Самата Ким исто така често се појавуваше во рекламите за истиот бренд, таа била презадоволна од соработката со Џуд, а се чини дека има и нешто повеќе. Кардашијан наводно им испраќа на сестрите заеднички фотографии со фудбалерот, а фактот дека Ким пред неколку седмици со приватен авион допатува во Мадрид за да го гледа Реал само додава оган на шпекулациите за нивната врска“, пишуваат американските новинари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА