Белингем е „златно момче“ на Реал, нов гол за џиновска победа во Виго

Џуд Белингем е новиот „крал“ во Реал Мадрид, откако англискиот суперталент платен над 100 милиони евра уште во првиот месец се покажа како исплатлива инвестиција.

Откако стрелаше прецизно во Билбао и против Алмерија во првите две кола, Белингем беше херој и на вечерашното гостување против Селта во Виго, на кое Реал токму со неговиот гол во финишот успеа да стигне до цел плен.

Селта се покажа како незгоден ривал, веќе во третата минута постигнувајќи гол што беше поништен со ВАР поради прекршок над голманот Кепа. Проблемите на Анчелоти се зголемија откако по десетина минути игра незгодна повреда заработи Винисиус, па бразилскиот напаѓач мораше да биде повлечен од игра.

Реал најубавата шанса ја имаше кон средината на второто полувреме, кога заслужено беше досуден пенал над Родриго, истиот фудбалер шутираше од белата точка, но не успеа да ја смести топката во мрежата.

На крајот, пресуди класата на Белингем, кој во 81. минута се најде на вистинското место по корнерот на Крос, па по спуштената топка од Хоселу мајсторски стрелаше во мрежата.

Три гостувања на Реал Мадрид, три победи од стартот на сезонава, на сите три меѓу стрелците се запишуваше Белингем. Суперзасилувањето

Се вчитува...