Белингем и Мбапе доволни за триумф на Реал Мадрид против Севилја

Реал Мадрид влезе во нова победничка низа во Ла Лига славејќи со 2-0 во натпреварот против Севилја во 18. коло.

„Кралевите“ стекнаа предност во 38. минута со голот на Белингем, а победата ја потврди Мбапе од пенал во 86. минута.

Во меѓувреме гостите останаа и со играч помалку по вториот жолт картон на Маркао во 68. минута.

Се вчитува...