Валенсија има предност од 1-0 по шеесетина минути игра на дуелот со Реал Мадрид, а меѓу најзаслужните е македонскиот голман Столе Димитриевски.
Тој беше сигурен на голот на Валенсија во досегашниот дел од мечот, а одлично се снајде и во ситуација кога Реал на почетокот од вториот дел доби пенал по еден сомнителен прекршок врз Мбапе.
Белингем ја зеде топката, подзастана да види како ќе реагира Македонецот, но Димитриевски остана мирен, по што англискиот фудбал пласираше и го погоди само дирекот.
Погледнете ја оваа ситуација и нереализираниот пенал на Џуд Белингем против Валенсија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА