Белингем испрати порака: Почна процесот на опоравување, се гледаме наскоро

Џуд Белингем ќе го пропушти почетокот на сезоната поради операција на рамото. Ѕвездата на Реал одлучи да се оперира за да го реши проблемот со рамото кој траеше речиси две години.

Белингам се заблагодари на Инстаграм на сите што учествуваа во неговата операција.

„Благодарност до Ендру Волас и Сузан Александар, нивниот тим и сите во клиниката Фортиус за операцијата и гостопримството.

Благодарност и до Иван Ортега и д-р Лехес за нивната поддршка. И конечно, до сите други за добрите желби и пораките на љубов.

Процесот на враќање веќе започна, се гледаме наскоро“, напиша Белингем. 

Се вчитува...