Белингем кажа ДА: Реал Мадрид го договори мегатрансферот на англискиот бисер

Џуд Белингем ќе ја продолжи кариерата во дресот на Реал Мадрид откако конечно ги договори деталите за шестгодишниот договор што англискиот суперталент ќе го потпише со најтрофејниот европски клуб. „Кралевите“ долго време преговара со Белингем, за услугите на овој фудбалер се интересираа и Ливерпул и Манчестер Сити, но Флорентино Перез како и многу пати во минатото се покажа најумешен во преговорите за ангажман на најдобрите играчи во светот.

Англичанецот веќе најави дека е подготвен да си замине од Борусија Дортмунд, одбивајќи ги сите понуди за нов договор со „милионерите“. За Реал клучно беше да добие позитивен одговор од самиот фудбалер, по што Перез во наредните денови ќе седне на маса и со челниците на Борусија. Понудата ќе изнесува загарантирани 100 милиони евра, плус дополнителни 50 милиони поврзани со неколку клаузули во зависност од индивидуалните бројки на Белингем, но и трофеите што Англичанецот би ги освоил во иднина носејќи го дресот на Реал Мадрид.

Се очекува Реал Мадрид сега да ги интензивира преговорите за нов напаѓач, играч што би претставувал долгорочен наследник на Карим Бензема. Како потенцијални засилувања се споменуваат Влаховиќ и Кејн, но кога е во прашање Флорентино Перез, нема да биде изненадување ако тргне по некоја уште поголема фудбалска ѕвезда.

Се вчитува...