Белингем: Ќе се залепам како фластер до Модриќ и Крос

Џуд Белингем денеска официјално беше промовиран како ново засилување на Реал Мадрид. Во најтрофејниот европски клуб англискиот репрезентативец доаѓа од Борусија Дортмунд за загарантирани 103 милиони евра кои со дополнителни клаузули можат да достигнат 30 милиони евра плус.

Играчот од средниот ред на пресконференцијата изјави дека му е чест што ќе игра заедно со Модриќ и Крос од кои може да научи многу и притоа се надева дека тие ќе го прифатат и ќе бидат расположени за совети.

„Тоа е непроценливо за мојата кариера. Начинот на кој тие играат, нивното искуство, визија, се тоа ќе биде добро за мене. Првите недели ќе се залепам за нив, се надевам дека нема да им пречам.

Овој дрес сам по себе е голема одговорност. Можеби бројот ќе ме доведе до малку незгодна ситуација, но отсекогаш многу го ценев Зидан. Тој за мене е најдобриот играч. Се надевам дека ќе ги исполнам очекувањата кој ги носи бројот“, вели младиот Англичанец.

Се вчитува...