Белингем: Модриќ ми е најголема инспирација

Реал Мадрид славеше на гостувањето кај Гирона со 0-3 нанесувајќи го првиот пораз на каталонскиот тим во сезоната со што воедно се врати и на врвот на табелата.

За „кралевите“ нов одличен натпревар одигра летното засилување Џуд Белингем кој забележа асистенција во стилот на Модриќ при првиот гол, а потоа го завери и победникот стрелајќи во 71. минута. По натпреварот Англичанецот говореше за медиумите каде откри дека инспирација му е поискусниот Хрват од кого многу учи на тренинзите.

„Ова е многу важна победа за нас. Гирона се наоѓаше во фантастчна низа. Воедно ова беше и порака за што сакаме да направиме во Ла Лига. Постигнавме три гола и ја зачувавме нашата мрежа против тим кој игра многу добро.

Се чувствувам многу добро во тимот. Имам слобода во креирањето и уживам во фудбалот. Веќе три месеци секој ден гледам што прави Модриќ и сакам да бидам креативен како него“, изјави Белингем.

Се вчитува...