Белингем мора на операција?

Џуд Белингем имаше дебитантска сезона за паметење во дресот на Реал Мадрид, но англискиот ас притоа заработи и незгодна повреда на рамото што ја влече со месеци наназад и што се одрази врз неговите игри во завршните натпревари.

Проблемот не е наивен, а шпанските медиуми најавуваат дека Белингем сака целосно да ја санира повредата, што би значело дури и хируршки зафат во текот на летово. Секако, операција пред ЕВРО 2024 не доаѓа во предвид бидејќи Џуд е голем адут на „гордиот албион“ во напад на златото, но доколку болката продолжи и за време на европскиотшампионат тој е подготвен кон средината на месец јули да замине на операција.

Вообичаено, паузата по ваков вид на хируршки интервенции изнесува најмалку два месеца, што би значело дека Англичанецот ќе ги пропушти целосните подготовки на Реал за новата сезона, како и првиот месец од натпреварувањето во Ла Лига.

Анчелоти и навивачите на Реал се надеваат дека состојбата ќе се стабилизира и ќе биде избегнато ова „црно сценарио“, нo Белингем изразил јасен став – не сака да му се повторат проблемите од оваа сезона што би му се одразиле врз формата.

Се вчитува...