Еден од најдобрите играчи на денешницата, и клучен играч на Англија Џуд Белингем, е неизвесен за следните два квалификациски натпревари на репрезентацијата поради повреда.
Реал Мадрид денеска соопшти дека Белингем нема да игра на дуелот против Валенсија вечерва, не прецизирајќи притоа колку ќе паузира играчот од средината на теренот.
Медиумите во Шпанија најавуваат дека Белингем ќе го нема во следните 2-3 недели поради изместување на рамото. Тоа значи дека Англија без него ќе патува во Скопје на квалификацискиот натпревар за пласман на ЕП 2024 година. Претходно од настап на англиската репрезентација откажа и Џејмс Мадисон од Тотенхем.
Сепак, среќна околност за Англија е тоа што веќе се пласираше на Европското првенство уште минатото коло кога ја совлада Италија на свој терен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА