Белингем негира: Не го опцув, судијата не ме разбра

Скандалозниот црвен картон на фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингем на дуелот против Осасуна останува топ тема во светот на фудбалот.

Англискиот репрезентативец беше исклучен во првото полувреме на средбата по дискусија со судијата за која Хозе Мунуера Монтера откри дека дошло до пцовки.

Сега се огласи и самиот Белингем кој негираше такво нешто велејќи дека судијата бил тој кој не ги разбрал неговите зборови.

„Не му кажав ништо лошо на судијата. Јасно е дека станува збор за комуникациска грешка. Тоа беше израз, сличен на шпанскиот ‘joder’… а последицата беше што не остави со играч помалку. Не беше навреда, туку израз кој го употребив за себе. Мило ми е што има видео-снимки што тоа ќе го потведат“, изјави Белингам.

Се вчитува...