Џоб Белингем, помладиот брат на ѕвездата на Реал Мадрид, Џуд Белингем летото го искористи за трансфер во редовите на Борусија Дортмунд посакувајќи пат кон славата на веќе „испробан“ начин, но засега неговата кариера во германскиот гигант не се одвива во најдобар ред.
И покрај тоа што веќе настапи на 13 натпревари во сите конкуренции, доби лимитирана минутажа од која не е задоволен па ввво потрага по голема минутажа веќе и е подготвен да ја промени средината, откриваат англиските медиуми.
Дваесетгодишникот сака да се врати назад во Англија и да го забележи првиот настап во Премиерлигата. За негов трансфер најзаинтересирани се Манчестер Јунајтед и Астон Вила.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

