Челници на Борусија Дортмунд отпатува во Англија на преговори за ангажман на Џоб Белингем. Моментално играчот на Сандерленд и помлад брат на Џуд Белингем, кој игра во Реал Мадрид е подготвен за нова станица во неговата кариера.
И Џоб исто како и неговиот брат Џуд игра во средниот ред. Токму на препорака на неговиот брат оди во таборот на „милионерите“. Според германските медиуми, многу веројатно е дека ќе дојде до договор меѓу двете страни, и Борусија ќе го има новиот Белингем во своите редови. Тој би требало да дојде како замена за Јулијан Бранд, кој е пред заминување од Дортмунд.
19-годишниот Џоб Белингем исто така потекнува од школата на Бирмингем, од каде и Џуд дојде во Борусија, а на почетокот на минатата сезона заврши како играч на Реал Мадрид, и во моментов е еден од најдобрите играчи на светот во средниот ред.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

