Реал Мадрид и Манчестер Сити одиграа фантастична четвртфинална серија во Лигата на Шампионите. По ремито од 3-3 на „Сантијаго Бернабеу“ шпанскиот и англискиот великан ремизираа и на „Етихад“, а местото во полуфиналето „кралскиот тим“ го доби по пенал рулет во кој херои беа голманот Лунин и дефанзивецот Рудигер.
Натпреварот го прокоментира еден од најдобрите фудбалери на Реал Мадрид, Џуд Белингем кој откри и интересен детал од пред почетокот на средбата поврзан за тренерот Карло Анчелоти.
„Во второто полувреме секој од нас мораше да се жртвува и игра нешто што во главно не го игра. Но, успеавме. Нашата најголема предност е тоа што Карло ни дозволува да играме со многу слобода. Некои тимови се многу структурирани, играат одреден стил и шаблон на игра.
А, нас тренерот едноставно не исполнува со мир и самодоверба пред натпреварите. Го фатив како зева. Го прашав дали е уморен, а тој ми одговори „Морате да излезете на терен и малку да ме разбудите“. Таков мир и атмосфера ви носи тој“, изјави Белинхем за „ТНТ Спорт“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА