Англија и второ Европско првенство по ред се пласира во големото финале, но и втор пат по ред не успева да го освои долгопосакуваниот трофеј. По поразот од Италија на „Вембли“ овој пат Англичаните претрпеа пораз и од Шпанија која во Берлин славеше со 2-1.
Поразот лошо го поднесе Џуд Белингем, младиот Англичанец зад кој одлична сезона во Реел Мадрид по која претендира и за наградата Златна топка. Тој по средбата бесот го истури на ладилникот покрај теренот, а откако ги смири страстите говореше и за медиумите.
„Невкусно е да загубите на овој начин. Но, сепак мислам дека не одигравме натпревар во нашите можности. Дефинитивно имавме неколку добри моменти и се чувстувавме како да се вративме во игра, но тогаш не шокираа со гол пред самиот крај. Ми се скрши срцето. Сакавме да испишеме историја и да го направиме нашиот народ среќен, но не успеавме“, изјави Белингем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА