Реал Мадрид го забележа првиот триумф на ФИФА Светското клупско првенство славејќи против мексичкиот клуб Пачука со 3-1 благодарение на головите на Белингем, Гулер и Валвереде.
По крајот на натпреварот за медиумите говореше англиската фудбалска ѕвезда која играше сезона со повреда на рамото. Белингем откри дека веднаш по турнирот ќе замине на операција за конечно да го реши проблемот.
„Подобар сум, мислам дека дојдов до точка кога болката не е толку силна. Доста ми беше да си играм со рамото. Тука е и многу топло, губан килограми од прекумерното потење. Закажана ми е операција по турнирот. Полека го губам трпението, чекав некое време, но повеќе не можам вака. Лекарите и физиотерапевтите се многу стрпливи. Сакам што поскоро да се реши оваа повреда која ме мачи толку долго“, изјави Белингем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

