Џуд Белингем може да биде суспендиран на еден натпревар поради простачките гестови на натпреварот против Словачка на Европското првенство во Германија, пренесуваат англиските медиуми.
Младиот Англичанец беше херој за својата нација постигнувајќи гол со ножички во судиското продолжение на второто полувреме, гол кој ја спаси Англија од срамна елиминација, но неговата прослава на која покажа на меѓуножјето се чини дека овој пат може да биде кобна по амбициите на „Гордиот Албион“.
Белингем прославата ја оцени како интерна шега со блиски пријатели кои биле на самиот натпревар, а не гест кон словачката клупа, но без разлика, поради истата може да го пропушти четвртфиналниот натпревар против сензационалната Швајцарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА