Белингем повеќе сака да остане во Дортмунд до 2024, отколку да избере погрешен клуб

Англискиот репрезентативец Џуд Белингем, би можел да остане во Борусија Дортмунд и идната сезона. Има најави дека престојното лето Белингем ќе одбере некој од големите клубови со оглед дека интересот за него е огромен, меѓутоа не е ништо чудно и да остане на „Вестфален“ до 2024 година, а потоа како слободен играч да си замине од клубот.

19-годишниот Белингем не сака да прифати понуда која за него ќе биде погрешна, објави „Тајмс“.

Претходно беше објавено дека Реал Мадрид, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед се заинтересирани за трансферот на Белингем, додека Ливерпул е надвор од трката за играчот.

Се вчитува...