Белингем повторно е „кралска амајлија“, Галатасарај спречи срам во Истанбул (ВИДЕО)

Најтрофејниот клуб во Лигата на шампионите Реал Мадрид славеше со 1-0 на домашен терен против бундеслигашот Унион Берлин ја почна годинашната кампања во елитното натпреварување.

Иако „кралевите“ беа подобар тим во текот на целиот меч, не успеаја да го начнат голот на гостите, се до 93. минута кога повторно херој сезонава беше неверојатниот Џад Белингем кој го постигна својот прв гол во ЛШ за тимот од „Сантијаго Бернабеу“.

Real Madrid [1] – 0 Union Berlin – Jude Bellingham 90‎+‎4‎'‎
byu/MarcoRuss insoccer

Данскиот шампион Копенхаген иако имаше предност и од два гола на крајот стигна само до реми на гостувањето во Истанбул кај Глатасарај (2-2). Гостите до водство од 0-1 стигнаа до 35. минута со погодокот на Елјунуси, додека на 0-2 зголеми Гоншалвес во 58. минута. Моментот кој веројатно го промени целиот тек на натпреварот се случи во 73. минута кога црвен картон доби фудбалерот на гостите Хелерт во 73. минута.

Домаќините преку Боеј во 86. минута намалија на 1-2, додека конечните 2-2 беа дело на Тете две минути подоцна.

Galatasaray [2] – 2 Copenhagen – Tete 88'
byu/Previous-Success8007 insoccer

Standings provided by Sofascore

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...