Џуд Белингем со Реал Мадрид пристигна во Англија за гостувањето против Ливерпул, а големиот ас ја искористи прес-конференцијата на „Енфилд роуд“ да проговори и за притисокот и случувањата за време на ЕВРО 2024 и веднаш по европскиот шампионат.
Англичаните не успеаја да ја исполнат големата желба и да стигнат до трофејот, во големото финале губејќи од Шпанија, а Белингем останал шокиран што токму тој бил посочен како еден од виновниците, иако беше еден од најдобрите фудбалери на „гордиот албион“ на ова големо натпреварување.
„Искрено, ја загубив насмевката на лицето играјќи за Англија на ЕВРО. Се чувствував малтретирано во однос на она што го дадов… луѓето се однесуваа грубо кон мене, мислам дека јас бев жртвеното јагне по она загубено финале. Ми се чинеше дека целиот свет ми се урна на глава а само три дена, чувството воопшто не беше пријатно. Имав и критики од медиумите бидејќи не сум сакал да давам изјави, дека имам превисоко мислење за себе, но тоа воопшто не беше случај. Имаше ситуации за време на турнирот, новинари влегоа во куќата на баба ми и дедо инсистирајќи на изјави. Дознав и се налутив, мислам дека тоа не е фер, ги надминува границите на почитување. Сето тоа го примив некако лично и решив на турнирот да се фокусирам само на фудбал, а не на новинарите. Семејството секогаш ми е на прво место, а баба ми цело лето не сакаше да излезе од дома, тоа беше најмалку што можев да сторам по она што и беше направено“, изјави Белингем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА