Белингем се врати на тренинзите на Реал Мадрид

Џуд Белингам се приклучи на тренинзите на Реал Мадрид по операцијата на рамото.

Англискиот играч од средниот ред одлучи да се подложи на хируршка интервенција за да реши хроничен проблем и како резултат на тоа мораше да помине два месеци надвор од терените.

Сепак, тој ќе биде подготвен за дуелот против Марсеј во Лигата на шампионите, што е одлична вест за Чаби Алонсо.

Белингам е од големо значење за играта на Реал, а ќе видиме како шпанскиот стручњак ќе го имплементира тоа во својот систем.

Се вчитува...