Белингем смета дека еден играч на Реал Мадрид е поталентиран и од Винисиус и од Мбапе

Англискиот фудбалер Џуд Белингем, кој е дел од Реал Мадрид, вчера по победата над Манчестер Сити рече дека според него соиграчот Родри е премногу потценет, и премногу во сенка од останатите ѕвезди како Винисиус и Мбапе.

Реал Мадрид го совлада Манчестер Сити со 3-1, а Родриго имаше асистенција за вториот гол на Мбапе, и неколку одлични продори по десната страна.

„Родриго е многу потценет. Според мене, тој е најталентираниот и најнадерениот во тимот. Кога го гледам начинот на кој игра, на неговите трикови, си помислувам: „Како го прави тоа? Да бев јас, ќе го повредев зглобот. Родриго е тој што најмногу се жртвува и не се жали, само си ја работи работата. Неговата омилена позиција е крилната, но тој одлично се снаоѓа во одбраната“, изјави Белингем.

Се вчитува...