Џуд Белингем ја доби наградата „Golden Boy”, за најдобар фудбалер во Европа до 21 година.
Играчот од средниот ред ја освои оваа награда која ја доделува италијанскиот Тутоспорт од Торино.
Англичанецот успеа да ја победи својата конкуренција, во која беа Мусиала, Чави Симонс, Антонио Силва, Балде, Вирц, Шешко, Скалвини, Хојлунд, Колвил, Бакајоко, Керкез, Бермерен, Фергусон, Гурна-Дуат, Заир-Емери, Диоманде, Мартинез, Тел и Диуф.
Играчот Ламин Јамал, пак, се закити со наградата „The Youngest”. Со своите 16 години тој го имаше своето деби за Барселона и за шпанската репрезентација оваа година, и стана најмладиот играч на „фуријата“ кој постигнал гол.
За најдобар млад играч од Италија беше прогласен Џорџо Скалвини од Аталанта.
JUDE BELLINGHAM is Golden Boy Absolute Best! @realmadrid #Goldenboy #Goldenboy2023 #football pic.twitter.com/VXIMAjlDED
— Golden Boy (@GoldenBoyAwards) November 17, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА