Англија и Словачка ќе играат продолженија во третото осминафинале на Европското првенство во Германија, откако по 90 минути резултатот е 1-1.
Словачка ја имаше првата шанса уште во 5. минута откако Стрелец шутираше, но неговиот удар заврши покрај голот на Пикфорд. Во истата минута своја шанса имаше и Ханко, но и тој беше непрецизен.
Во 12. минута Словачка имаше нова шанса, откако Хараслин успеа да стигне до противничкиот шеснаесетник, но неговиот удар беше блокиран. Добрата игра и доминацијата Словаците ја материјализираа со погодокот на Иван Шранц во 25. минута за 1-0.
🚨 GOAL: England 0-1 Slovakia!
SCHRANZ PUTS SLOVAKIA 1-0 IN FRONT! 🇸🇰 pic.twitter.com/ZBqsqXIXye
— Euro 24 Hub (@Euro24Hub) June 30, 2024
Англичаните преку Фил Фоуден успеаја да израмнат на 1-1 во 50. минута, но по проверка на ВАР очигледно беше дека Англичанецот беше во офсајд, па погодокот беше поништен.
Phil Foden disallowed goal against Slovakia 50′
byu/PSGAcademy insoccer
Убава шанса во 81. минута имаше и Деклан Рајс, но неговиот шут заврши во стативата на Дубравка. И кога Англија требаше да биде елиминирана поради катастрофалната игра, се појави Џуд Белингем кој со феноменален гол со „ножички во 95. минута (1-1) ја спаси Англија од голем срам.
WHAT A GOAL JUDE BELLINGHAM! 🏴 pic.twitter.com/4LqAfEuqa7
— Euro 24 Hub (@Euro24Hub) June 30, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА