Во новата сезона, Реал Мадрид ќе мора да почне без Џуд Белингам. Тој беше подложен на долгонајавуваната операција на рамото, сè помина добро и, како што објави Фабрицио Романо, ќе биде надвор од терените речиси три месеци.
Клучниот играч на Реал нема да се врати на теренот до средината на октомври. Чаби Алонсо нема да го има за важното отворање на сезоната и би можел да пропушти осум лигашки натпревари и почетокот на лигашката фаза од Лигата на шампионите.
Англичанецот страда од повреда на тој дел од телото од ноември 2023 година, кога го измести рамото за време на натпреварот од Ла Лига со Рајо Валјекано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

