Белистојаноски петти на Европското првенство во карате

Младиот македонскит каратисти, Матеј Белистојаноски го освои петтото место на Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 кое се одржува во Будимпешта, Унгарија.

Белистојаноски во кадетската категорија до 52 килограми оствари четири победи, а финалето му избега поради прв освоен поен на противникот Мер Газаријан од Ерменија во полуфиналето. Во мечот за бронза тој со загуби со минимални 1-0 од Турчинот Мерт Халичи.

Од останатите македонски каратисти на првиот ден од првенството пласман избори и Хамза Зулали кој беше деветти во категорија на кадети над 70 килограми.

Се вчитува...