Работнички во првото коло од пролетниот дел во сезоната освои еден бод против актуелниот првак Струга ТЛ. На домашен терен „романтичарите“ можеа и да загубат, но во финишот од мечот можеа и да дадат гол за победа, откако Мазари ја имаше шансата на мечот.
Сега за избраниците на Гоце Седлоски следува гостување кај екипата на Тиквеш во Кавадарци. Своите очекувања ги искажа дефанзивецот на „романтичарите“, Егзон Белица.
„Нѐ очекува тешко гостување во Кавадарци и дуел против Тиквеш в недела. Но, подготвени сме за предизвикот и се надеваме дека ќе успееме да ги исполниме задачите што ќе ни ги постави шефот на стручниот штаб Гоце Седлоски. Секој нов натпревар е ново искушение за нас. Трениравме квалитетно изминативе денови и веруваме дека тоа ќе го даде вистинскиот ефект на претстојниот меч.“, вели Белица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

