Фудбалерите на Работнички утре на домашен терен ќе ја пречекаат тетовска Шкендија на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје во дерби натпреварот од 13. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Фудбалерот на домашните Егзон Белица пред утрешниот меч вели дека го почитува противникот, но дека целта на Работнички е победа на овој меч.
„Утре не очекува нов дерби натпревар. Шкендија е квалитетен тим, ја заслужува нашата максимална почит, но ние сакаме победа и три бода. Играме на домашен терен и веруваме дека можеме да стигнеме до успех. Доколку ја наметнеме нашата игра и ги испочитуваме плановите на стручниот штаб, се надеваме дека на крајот ќе се радуваме“, изјави Белица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА