Белорусија квалификациите за Евро 2024 ќе ги игра во Унгарија

Белоруската фудбалска репрезентација квалификциските натпревари за Евро 2024 ќе ги игра во Будимпеша, потврди унгарската фудбалска федерација. Белорусите за разлика од Русите немаат забрана за настап во квалификациите за европскиот собир, но натпреварите ќе мораат да ги играат на неутрален терен.

Белорусите прво се обратиле кон Унгариците кои го прифатиле барањето и за настап на стадионот „Ференц Суса“ во главниот град каде на 16. јуни ќе биде одигран натпреварот против Израел, а три дена подоцна и со Косово.

По воведните две кола Белорусија забележа два порази од Швајцарија и Романија.

Се вчитува...